Градоначалникот Андонов на „тренинг“ со фудбалерите на ФК Академија Христов

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели видео информација од средбата и дружењето со  младите фудбалери на ФК „Академија Христов“, за време на нивниот тренинг.
„Прекрасно поминато време со младите и надежни таленти на ФК „Академија Христов“ од Василево и ФК Таленти. Ја имав честа да се дружам со младите фудбалери- членови на ФК Академија Христов на фудбалскиот стадион во Василево. Им посакав успешен старт во детската лига и меѓу другото им посочив, дека општината Василево и во наредниот период ќе биде активна во делот на обезбедување на услови за развој на спортот, се со цел голем дел од младите безгрижно да спортуваат на спортските терени.  Спортистите и спортските клубови во Општина Василево ќе имаат секогаш партнер“,  стои во ФБ објавата на градоначалникот Андонов.
Во насока на практична поддршка на спортот и спортските клубови, беше и Одлуката на Советот на општина Василево на последната седница, кога едногласно  одлучија финансиски да го поддржат работењето на ФК „Академија Христов“.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail