Во Чанаклија се одржа втората во низата средби планирани со граѓаните низ населените места заради нивно учество во Планирањето на Програмите и Буџетот на општина Василево за 2023 година.
„Гласот на граѓаните е најважен,но и партиципативното учество во донесувањето на одлуките на локално ниво е од големо значење за креирањето на локалните политики и создавањето на Буџетот со проекти , предложени и подржани од граѓаните“, напиша на својот ФБ профил, www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по средбата со граѓаните во Чанаклија.
Во Чанаклија во наредниот период ќе се реализираат повеќе капитални проекти: асфалтирање на улица до црквата во Чанаклија, асфалтирање на уште две улици со новата програма за Патишта и улици, изградба на повеќенаменско игралиште и изградба на парк во центарот на Чанаклија, се проектите кои како приоритетни за реализација се произлезени од средбата со граѓаните на населеното место Чанаклија, информира градоначалникот Андонов.





