Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во својот кабинет оствари средба со членовите на одборот на EAR-AER Европската академија на регионите – Académie européenne des regions, Luis Deklart и Nelu Neacsu кои како партнери на БИЦСР(Business Innovation Center Strumica), со финансиска поддршка од владата на Фландрија (Белгија) во периодот од 24-28 септември 2022 година, преземаат мисија за утврдување на фактите во Северна Македонија.
Целта на мисијата е да се сретне со претставници на регионални и локални власти, непрофитни здруженија и претставници на бизниси за да ги информира за активностите и услугите на Академијата, да ги информира за можностите за финансирање од ЕУ програми и фондови и да обезбеди насоки за зголемување на ефикасноста на проекти што ќе ги подготват во рамките на процесот на усогласување со ЕУ.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов отворен е за сите новини и можности кои можат да имаат бенефит за општината.