Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев од денес па до 16-ти февруари, е во официјална посета на општина Јалова (Yalova), Република Турција. Како што стои во поканата од турскиот колега, градоначалникот Недрет Ѓулен (Nedret Gülen), целта на средбата е размена на идеи од делокругот на општинското живеење и разгледување на можностите за соработка меѓу двете општини.
Ова е втора средба на двајцата градоначалници, по средбата што ја имаа во општина Василево, во декември минатата година.





