Градоначалникот на општина Василево во посета на општина Согут, Р.Турција

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, на покана на неговиот турски колега, Ismet Sever, градоначалник на општина Согут,  е во тридневна работна посета на општина Согут, Република Турција.  Посетата е во рамки на свечен настан организиран во чест и сеќавае на на Ертугрул Гази- основач на Отоманската империја.

„Денес бев во работна посета на Општина Согут, Република Турција, каде на мое огромно задоволство се сретнав со повеќе преставници како на локалната но и на државната власт“, информираше преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој остварил работна средба со  градоначалникот Исмет Север (Ismet Sever) и неговите соработници, на која се разговарало за надлежностите на локалните самоуправи но и актуелните проблеми и предизвици со светската криза, високата цена на горивата и електричната енергија.

„ Остварив средба со градоначалникот Ismet Sever и со, неговиот тим на стручни работници, советници и општинска администрација. Разговаравме за нашите надлежности, актуелните проблеми и предизвици со светската криза, скапата цена на горивата и електричната енергија; кои се нашите сличности а што е она што не разликува како локални самоуправи“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот Андонов, за средбата со својот турски колега.

Градоначалникот Андонов остварил средба и со Валијата и Кајмакамот. „Средбите продолжија со Валијата и Кајмакамот како преставници на државната власт“, информира градоначалникот Андонов, за првиот ден од посетата на општина Согут, Република Турција, упатувајќи им благодарност  на домаќините за како што вели „одличниот дочек и целосното внимание“ и најавувајќи го своето присуство на свеченостите организирани од страна на општина Согут

Градоначалникот Андонов,  беше придружуван од членот во Сопветот на општина Василево, Ридван Мемедов.

2 3 4 5 6 9

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail