Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на покана на црковниот одбор на црквата Св. Ѓорѓи од с. Пиперево, по повод денешниот празник Св. Никола, присуствуваше на црковен настан каде беше подготвен црковен ручек за сите жители од ова населено место.
Според информацијата од жителите на ова населено место, одбележувањето на денешниот ден, Св Никола на ваков начин е со долга традиција и се поврзува со обилни врнежи од град кои се случувале во минатото, во пролетниот период од годината и ги уништувале посевите.
Токму затоа, со надеж дека Св. Никола ќе им помогне, во негова чест и слава подготвуваат ручек во црковниот двор и го делат на сите жители од селото.
Во знак на почит кон традицијата и верата, градоначалникот Андонов беше гостин на денешниот настан.





