Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов во посета на Ешалан, Швајцарија

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, викендов, на покана на Македонско Добротворно Друштво „Македонија“ од Ешалан, по повод проектот „Македонски ден“ беше меѓу Македонците во Ешалан Швајцарија.

Детали од престојот и приемот, сподели преку неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24.

„Топол прием од македонската заедница во Ешалан,Швајцарија. Им упатив порака да бидат сложни и единствени, хумани и солидарни, и достоинствено и гордо да ја претставуваат Македонија.  Секој ваш успех е и успех за Македонија. Колку поуспешни поединци, толку поуспешна Македонија.  Со тимска работа да ја направиме Македонија подобро место за живеење. Да соработуваме и да се сплотуваме“, напиша на ФБ градоначалникот Андонов, кој на манаифестацијата има и свое обраќање.

Упатувајќи честитки до организаторот за настанот за кој како што вели на прекрасен начин ја претставува македонската традиција, македонските обичаи, македонската култура, Градоначалникот Андонов се заблагодари за поканата и можноста да биде дел од таа манифестација истовремено упатувајќи порака дека општина Василево е отворена секогаш за сите свои граѓани независно каде жиевеат. „Како градоначалник на општина Василево, сакам да упатам порака дека вратите на општина Василево секогаш ќе бидат отворени за Вас, за Вашите деца , да можете секогаш да ме контактирате како градоначалник и како администрација. Ние како општина создаваме услови како за странските инвеститори, како за домашните, така и за нашите луѓе кои живеат овде во Швајцарија и насекаде из светот, да може подеднакво со сите други да инвестираат, а тоа е индустриската зона која што ќе ја отвараме во наредниот период. Сите Вие сте добредојдени кои што имате интерес и можете да вложувате.“, им порача градоначалникот Андонов на македонците на собирот во Ешалан, Швајцараија.

4_433x768

1_1024x768 5_1024x768 6_1024x768 9_1024x768 16_1024x768 17_1024x768 20_1024x656

2_576x768 10_576x768 13_576x768 22_576x768

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail