Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес на покана на д-р Никола Маџунков,сопственикот на Мартини поликлиника, беше на ставање камен-темелник на Специјалната болница за гинекологија и акушерство, чија официјална изградба стартуваше денес.
Поликлиниката се гради на територијата на општина Василево, од левата страна на почетокот од локалниот пат кој води кон населеното место Добрашинци.
Градоначалникот Андонов, изрази задоволство од изградбата на ваков објект на територијата на општина Василево: „Задоволството е посебно, што болница од таков калибар ќе се гради токму на територијата на нашата територија. Изградбата на овој објект ќе има огромен бенефит за нас како општина и посебно за женската популација, кои ќе имаат можност врвна здравствена услуга да добиваат во својата општина. Посакуваме брза изградба и многу задоволни пациенти“.





