Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес беше во населеното место Чанаклија, во црквата Св. Наум, каде присуствуваше на Богослужба посветена на Св. Пантелејмон- закрилникот на ова населено место.
Според кажувањето на жителите од ова населено место, пред педесет и кусур години, кога сеуште жетвата се изведувала рачно и секој двор бил полн со житни снопја, во селото избувнал пожар, кој се заканувал целосно да го пеплоса. Присебноста на селаните и итервенцијата на надлежните спречиле катастрофа од огромни размери. И бидејќи пожарот се случил токму на Св. Пантелејмон, жителите одлучиле овој ден да не одат на нива а чест и слава на светецот да му оддаваат во црквата со одржување на црковна богослужба и подготовка на црковен ручек.





