Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов почитувач на верата, традицијата и обичаите, денес, на големиот православен празник Св. Димитрие, меѓу народот познат како Митровден, беше со своите сограѓани во црквите во наслените места Василево, Сушево, Добрашинци и Ангелци каде жителите го подготвуваа Митровденскиот ручек.
Поклонувајќи се во црковните храмови, а во чест и слава на денешниот светец, градоначалникот на присутните им посака здравје и духовен мир.
На Митровден, традиционално во најголемиот број цркви се подготвува ручек за целото население, познат како курбан. Ручекот, како и целата организација околу неговата подготовка и поделбата на храната на сите домаќинства е во организација на црковните одбори и луѓето од самото населено место кои доброволно се вклучуваат во оваа активност.





