Градоначалникот на општина Василево изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, се огласи за трагедијата во Кочани и изрази сочувство до семејставата на жртвите.
„Ова е тежок ден за Македонија. Со огромна тага ја примив веста за трагичниот настан кој што се случи во Кочани, донесе голема болка за сите нас.  Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива. Ова е момент на неизмерна болка, но и на заедништво. Бог нека им даде сила на семејствата на жртвите и на целиот народ на Македонија“, напиша градоначалникот Андонов.

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail