Градоначалникот на општина Василево за Велигден со сограѓаните

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов за време на најубавиот христијански празник, Христово воскресение – Велигден, ги посети своите сограѓани во населените места Радичево и Сушево, споделувајќи ја со нив радоста за победата на животот над смртта, за победата на доброто над злото, за воскресението која ја одржува верата и вербата во Бога. Во Радичево празникот го чествуваше во црквата Св. Богородица позната меѓу народот Бела црква, а во Сушево во црквата Св. Димитриј. Заедничко за жителите од овие две населени места е што празникот се одбележува во овие црковни храмови во вид на општонароден собир.
Споделувајќи информации за овие два настани, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот Андонов меѓу другото нашиша:
„Денес на најголемиот христијански празник, меѓу својот народ во Радичево на Бела црква Св. Богородица, денес нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат народите, зашто Христос, нашата вечна радост смртта со живот ја победи!
Традиционално на Велигден со народот во Сушево, во црквата „Св. Димитриј.“ Среќен сум што народот од овој дел на општина Василево, со организација на најразлични активности го чествува Велигден. Се додека живее традицијата ќе живее и нашата мила Македонија.
Христос воскресна!
Навистина воскресна!

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail