„Населеното место Василево добива фекална канализација. Ветеното го реализирам. Во мојот мандат се изгради фекална канализација и во Ангелци, Пиперево а ќе се гради и во Радичево. Правиме напори да се почне со изградба на фекална канализација и во Градашорци и Владиевци. Градиме насекаде. Ветувањата ги исполнуваме. Додека другите само зборуваа, ние создаваме дела“, Стои во ФБ објавата, https://www.facebook.com/vasilevo24, на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по гостувањето во емисијата „Отворено за“, на ТВ Кобра. Во текот на интервјуто во кое се разговараше за досега сработеното и реализацијата на изборната програма врз основа на која граѓаните му го дадоа мандатот да ја води општина Василево, градоначалникот Андонов изрази задоволство од сработеното и како што рече и покрај катастрофалната финансиска состојба во која ја има затекнато општната, ветеното е речиси целосно реалзирано, посебнно во делот на изградбата на системите за фекална канализација.
„Во четирите години пред да дојдам како градоначалник на општина Василево немаше изградено ниту еден метар фекална канализација, Преку сите анкети, преку сите средби со граѓаните тоа беше потенциран како главен проблем во изборната 2021 година. Тоа беше и еден од главните проекти што го ветив во 2021 година и сега слободно можам да кажам дека тоа станува реалност. Се реализира фекалната канализација во Василево која што е во вредност од околу 28 000 000 денари. Реализацијата е во напредна фаза. Имаме околу 70 % реализација“, вели градоначалникот Андонов и изразува надеж дека до крајот на месецот изградбата ќе биде целосно завршена. Радичево е следното населено место во кое ќе се гради фекална канализација.
Во текот на разговорот градоначалникот сподели информации и за проектите што ќе се реализираат со средства од вториот повик од унгарскиот кредит, каде што општината има доставено комплетна документација за пет проекти, потоа за Прекуграничната соработка и проектот чија реалзицаија ќе биде стартувана во наредните денови. Разговарано беше и за планираните активности во насока на отварање на детската градинка во с. Ангелци, за активностите во делот на поддршката на спортот и вложувањата во спортската инфраструктура, планираните активности во локланата патна инфраструктура кои секогаш се актуелни и потребни, за состојбата со водоснабдувањето и воопшто за вложувањата и активностите на општината од кои бенефит имаат сите граѓани на општина Василево.
На крајот од интервјуто, градоначалникот Андонов, како кандидат за втор мандат ги најави и проектите кои ќе бидат дел од негоовата изборна програма.
Комплетното интервју на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во емисијата „Отворено за“, е достапно на следниот линк:
https://www.facebook.com/search/top?q=%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B5%20%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%B2%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%B2%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%BE





