Градоначалникот Славе Андонов оствари средба со граѓаните на Радичево и Висока Маала

Градоначалникот на општина Вжасилево Славе Андонов во рамки на планираните средби со граѓаните во населените места  за потребите за креирање на Буџетот на општина Василево за 2023 година, ги посети населените места Радичево и Висока Маала. На средбите на кои присуствуваа и дел од стручните служби на општината, разговарано е за потребите во овие населени места, кои   преточени во Проекти, би биле реализирани со средства од Буџетот за наредната 2023 година.

„Гласот на граѓаните е најважен,но и неговото учество во донесувањето на одлуките на локално ниво е од големо значење за креирањето на локалните политики и создавањето на Буџетот со проекти , предложени и подржани од граѓаните. Средбите со граѓаните продолжија во Висока Маала и Радичево. Граѓаните од овие населени места на дело ги осетија промените. И во услови на историски најголема задолженост на општината од нејзиното основање, од околу 100 милиони денари ,блокирана сметка , енергетска и економска криза, со Советот на општина Василево, мојот тим во општината, со соодветна реалокација на средства во овие населени места се реализираат ветените проекти“, напиша на својот ФБ профил https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, по средбите со граѓаните на населените места Радичево и Висока Маала.

Градоначалникот ги најави и проектите кои ќе бидат реализирани во наредниот период:

Во Радичево ќе се асфалтира улицата до црквата Св.Илија и ќе се направи реконструкција на постојното повеќенаменско игралиште  лоцирано во дворот на училиштето. .

Во Висока Маала ќе се изгради долгоочекуваното повеќенаменско игралиште а ќе бидат асфалтирани и две улици. .

„Со граѓаните ги утврдивме приоритетите за идната година но и ги повторивме нашите ветувања, дека во мојот мандат во Радичево и Висока Маала нема да остане улица неасфалтирана“, нагласи градоначалникот Славе Андонов.

2 3 4

3 4 6

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail