Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во својот кабинет оствари работна средба со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, на која главна тема беше моменталната состојба со детската градинка во изградба во населеното место Ангелци. Разговорите беа во насока на прецизирање на решенија и конкретни активности за санариње на одредени недостаци констатирани пред извесен период, за да може истата да се стави во функција. На состанокот присуствуваше и директорот на градинката, Игорчо Илиев. По состанокот во кабинетот, Министерката во присуство на Градоначалникот и директорот на детската градинка „Прва радост“, Василево, во чиј состав е и градинклата во Ангелци, на лице место направи направи увид во моменталната состојба, по што беше договорено општината да интервенира, да се санираат недостатоците и да се подготват неоходните акти, како би се исполниле стандарите и условите за нејзин официјален старт.
На состанокот се разговараше и за моменталниот статус и идните чекори за реализација на проектот „ Реконструкцијата на објектот на старата полициска станица во населеното место Добрашинци“, проект за кој општина Василево има обезбедено средства токму преку Министерството за труд и социјална политика.





