Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, денес,30.12.2014 год. во пресрет на Новогодишно – Божиќните празници, ги посети училиштата во општината и на сите првачиња, им подари новогодишни пакетчиња. Со желби за многу здравје, безгрижно детство и успех и знаење им ја честита Нoвата 2015 година, а тие на свој начин со насмевка и песнички му заблагодарија за подароците и се му посакаа среќна и успешна 2015 година.
Градоначалникот Стојанов, традиционално, секоја година на најмалите ученици – првачињата, на овој начин со новогодишни пакетчиња им ги честита празниците и им ја разубавува годината што иде.





