Градоначачалникот Јанев делеше заштитни маски

Денес, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев во соработка со Црвен крст Струмица и Секторот за превенција при СВР Струмица, спроведоа  акција на делење на заштитни маски  на жителите на населеното место Василево. Целта на акцијата е подигање на јавната свест за задолжителното носење на заштитни маски  и почитување на сите мерки пропишани од надлежните институции  за заштита и спречување на ширењето на Covid-19.

„Денес во соработка со Црвен крст Струмица и Секторот за превенција при СВР Струмица направивме акција, делење заштитни маски за повеќекратна употреба на случајните минувачи на општина Василево,  со апел да ги  почитуваат мерките за заштита од Ковид 19 пропишани од надлежните институции, односно носење заштитни маски во сите затворени институции: маркети, продавници, банки, здравствени установи и сите државни институции; на отворените пазари  и на сите места каде не може да се одржи минималната дистанца односно растојание од два метри“, изјави градоначалникот Јанев за медиумите.

„Почитувањето на мерките е битно за да го спречиме ширењето на вирусот, а со тоа да се заштитиме самите себе  и оние околу нас. Да бидеме одговорни и совесни и заедно да го спречиме ширењето на вирусот“ апелираше градоначалникот  Јанев.

1

3

5

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail