Градоначалникот на општина Василево, денес на терен изврши увид во завршните работи од изградбата на К3 кракот од фекалната канализација во населеното место Василево.
Како што информираше, сите заинтересирани граѓани кои живеат во тој дел од Василево веќе од утре може да бидат приклучени на канализацијата, секако со претходно потпишан Договор со ЈПКД „Турија“ во чија надлежност е оваа дејност.
Изградбата на овој крак се одвиваше во континуитет и истата е изградена за дваесетина денови. Капацитетот е околу стотина домаќинства, односно сите коишто гравитираат кон овој крак.
Согласно техничката документација, должината на овој крак изнесува 478 метри. Вкупниот Буџет за негова реализација е околу 1 800 000 денари од кои околу 1 000 000 ден се од општинската каса и 700 000 денари обезбедени од Министерството за транспорт и врски преку Програмата за поддршка на имплементацијата на Декадата и стратегијата за Ромите за 2023 година.





