Општиа Василево започна со подготвителни активности за асфалтирање на две улици во населеното место Чанаклијаа. Како што информира градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев преку општинската ФБ страна, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, ова се улици од Програмата за 2020 година. Истовремено градоначалникот Јанев го најави асфалтирањето и на улица во Нова Маала од истата Програма, како и планираните улици во Добрашинци и Едрениково, со што Програмата за 2020 година ќе биде целосно реализирана.
Улиците се со должина од 100 и 115 метри, а буџетот во износ од околу 450 000 за едната и околу 370 000 денари за другата се обезбедени од општинската каса.
Изведувач на градежните работи на терен е градежната компанија Пешо Инжинеринг.





