Деветата седница на Советот на општина Василево ќе се одржи на 30.04.2018 година (понеделник), со почеток во 12,00 часот. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2018 година за периодот од 01.01.2018 до 31.03.2018 година (К-1).
- Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2018 до 31.03.2018 (К-2).
- Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2018 до 31.03.2018 година (К-3).
- Донесување на одлука по барање за финансиска помош поднесено од Малинов Костаке од с. Нивичино.
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Здружение пинг-понгарски клуб за лица со инвалидитет „Астраион спорт плус“, Струмица.
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Црковен одбор за црква Св. Спас од с. Дукатино.
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Здружение на земјоделски производители „Агросојуз“, Василево.
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ловечко друштво „Фазан“, Василево.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





