Петата седница на Советот на општина Василево ќе се одржи на 31.12.2018 година со почеток во 12,00 часот.
За работа на седницата предложен е следниот дневнен ред:
- Квартален извештај за извршување на Буџетпот за 2017 година за периодот од 01.01.2017 до 31.12.2017 година (К-1).
- Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 31.12.2017 година (К-2).
- Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01. 2017 до 31.12. 2017 година (К-3).
- Предлог-одлука за утврдување на надворешен член на Комисијата за давање на мислење на нацрт планови на општина Василево и утврдување на надомест за истиот.
- Предлог-одлука за пренесување на правото на сопственост и владение на патничко моторно возило Цитроен Берлинго на ЈПКД „Турија“ , Василево.
- Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во Предлог-проектот поднесен до Бирото за регоинален развој.
- Предлог-одлука за задолжување на општина Василево со заем од Македонска банка за поддршка на развојот, за реализација на проекти од ИПА компонентата за прекугранична соработка.
- Донесување на одлука по барањето за спонзорство поднесено од ЛД „Скоруш“, Куклиш.
- Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Орце Димитров од с. Сушево.
- Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Мирсат Мемедов од с. Нова Маала.
- Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Драги Арабаџиев од с. Сарај.
- Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Анка Пешева од с. Владевци.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





