Советот на општина Ваилево ја закажа седмата седница за ден 20.03.2018 година (вторник) со почеток во 12,00 часот.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Разгледување на Решение за запирање на објавување пропис бр.08-308/2 од 28.02.2018 година и донесување на соодветен заклучок за престанок и верификација на мандат на член на Советот на општина Василево.
- Разгледување на Решение за запирање на објавување пропис бр.08-309/2 од 28.02.2018 година и донесување на соодветен заклучок за прифаќање на дадената и потпишаната свечена изјава на член на Советот на општина Василево.
- Стручно мислење за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливите заболувања на територијата на општина Василево.
- Предлог-одлука за давање на согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југоисточниот плански регион.
- Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2018 год.
- Предлог-завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2017 година.
- Годишен извештај на општина Василевоза 2017 година.
- Завршна сметка на ЈОУДГ„ Прва радост“ Василево за 2017 година.
- Давање согласност на Извештајот за работата и годишната сметка на ЈПКД „Турија“ Василево за 2017 година.
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2017 година.
- Завршна сметка ма ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2017 година.
- Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево.
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект – индивидуална станбена куќа на к.п бр 2061 во КО Василево.
- Донесување на одлука по барањто за финансиски средства поднесено од Костаке Малинов од с. Нивичино.
- Донесување на одлука по барањто за финансиски средства поднесено од свештеникот и црковното настојателство при храмот Св. Теофил Струмички од с. Гечерлија.
- Донесување на одлука по барањто за финансиски средства поднесено од Диана Василево од с. Василево.
- Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Хуманитарното здружение ДОСТ ЕЛИ од с. Банско .
- Донесување на одлука по барањто за финансиски средства поднесено од ЛД „Беласица“ Струмица.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





