На 01.07.2024 година (понеделник) со почеток во 20,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната четириесетта седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Годишен план за вработување на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за 2025 година;
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2024 година;
- Предлог-решение за разрешување и именување на членовите на Управниот одбор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево;
- Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево за 2023 година;
- Донесување на Одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Атанас Чакров од Пиперево;
- Донесување на Одлука по барање за времено користење на игралиштето во с. Василево;
- Донесување на Одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Здружение на граѓани „Илинден“- Радово.





