На 19.02.2018 година (понеделник) со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 6-та редовна седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Извештај за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2017 година.
- Давање согласност на Одлуката за определување на бодот за плати на вработените во ЈПКД „Турија“.
- Полугодишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2017/2018 година.
- Одлука за утврдување на Комисијата за прием на повеќе деца од проектираниот капацитет на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и утврдување на поблиските критериуми за прием на деца.
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од вклопување на бесправните објекти – магацин К.П бр. 2462 во КО Пиперево.
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П бр. 87 во КО Ангелци.
- Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на патничко моторно возило Цитроен Берлинго на ЈПКД „Турија“, Василево.
- Предлог-одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотација за основното образование за 2018 година.
- Предлог-одлука за учество на општина Василево во Предлог-проектот до Бирото за регионален развој.
- Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од МЗ Владевци.
- Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Ерсан Мустафов од с. Градошорци.
- Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од ЛД „Гоце Делчев“, Босилово.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





