На 14.03. 2023 година (вторник) со почеток во 16,00 часот, во просториите на општина Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи 22-та Седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Завршна сметка на ООУ „Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за 2022 година;
- Верификација на мандат на член на Советот на општина Василево;
- Давање и потпишување на свечена изјава;
- Завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2022 година;
- Завршна сметка на ООУ „Гоце Делчев, Василево за 2022 година;
- Завршна сметка на ЈОУГД „Прва радост“, Василево за 2022 година;
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2022 година;
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево за усвојување на годишната сметка на ЈПКД „Турија“, Василево за 2022 година;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Црковен одбор с. Градашорци.
Дваесет и втора седница, 14.03.2023





