Во петок на 19.07.2019 година, со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи дваесет и третата седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-Статут за измена на Статутот на општина Василево.
- Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за набавка на Специјално возило за собирање и транспорт на смет / Специјално комунално возило за собирање смет со капацитет 5,5 м3.
- Предлог-Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Василево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP).
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Женски фудбалски клуб „Тиверија“, Струмица.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





