На ден 14.10.2019 година, понеделник, со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 26-та седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект – деловен простор на к.п. бр. 2099, 2100 и 2695 во КО Василево;
- Давање на согласност за паралелки со помал број на ученици во ООУ„Гоце Делчев“, Василево;
- Физибилити студија за примена на мерки на енергетска ефикасност во системот за јавно осветлување;
- Референтна годишна потрошувачка на електрична енергија во општина Василево.
- Одлука за започнување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во општина Василево преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО модел;
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2019 година за периодот од 01.01.2019 до 30.09.2019 год. (К-1);
- Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 30.09.2019 год. (К-2);
- Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за периодот од 01.01.2019 до 30.09.2019 год. (К-3);
- Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Костадин Ристов од с.Нова Маала.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





