Дневен ред за 28-та седница на Советот на општина Василево

На 28.07.2023 година (петок) со почеток во 17,30 часот, во просториите на општина Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи  28-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за учебната 2023/2024 година;
  2. Развојна програма на ООУ „Гоце Делчев“ Василево за периодот од 2023/2027 година;
  3. Предлог-одлука за одобрување на финансиски средства на Медиа Пресс Сервис;
  4. Предлог измени и дополнувања на Двогодишниот акциски план за родова еднаквост на општина Василево за 2022-2023 година;
  5. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2023 година за периодот од 01.01.2023 до 30.06.2023 година (К1);
  6. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.2023 до 30.06.2023 година (К2);
  7. Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево за период од 01.01.2023 до 30.06.2023 година (К3).

Дневен ред за 28-ма седница

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail