На ден 27.12. 2023 година (среда) со почеток во 18,00 часот, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи 33-та седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Буџет на општина Василево за 2024 година;
- Предлог-одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2024 година;
- Предлог-одлука за утврдување на вредноста на Бодот на платите на административните службеници за 2024 година;
- Буџетски календар за 2024 година;
- Предлог-одлука за утврдување на критериумите за распределба на блок дотација за основното образование за 2024 година;
- Предлог-одлука за донесување на Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место за изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи на м.в Гладно поле, КО Градашорци-вон град и КО Василево – вон град, општина Василево;
- Предлог-програма за работа со областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Василево за 2024 година;
- Предлог-програма за третирање на животните бездомници на подрачјето на општина Василево за 2024 година;
- Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2024 година;
- Предлог-одлука за прифаќање на донација;
- Предлог-одлука за отстапување на објект детска градинка „Прва радост“, клон „Златно славејче“, Моноспитово на општина Босилово;
- Давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Турија“, п.о Василево за 2024 година;
- Давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈПКД „Турија“, Василево;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од ВАнчо Георгиев од Василево;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Кик бокс клуб К1 Арена Рашо Струмица;
- Донесување на Одлука по барање за надоместок за штета од елементарна непогода поднесено од Ристо Михаилов од Василево;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Маја Димитрова од Василево;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Аргир Стоев од Штука;
- Донесување на Одлука по Барање за спонзорство поднесено од Организацискиот одбор на Католичката црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала;
- Донесување на Одлука по Барање за спонзорство, поднесено од Месна заедница, Пиперево.





