Во среда, 31.08.2016 година, со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи 43-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2016 година.
- Донесување на одлука по барањето поднесено од ЛД „Фазан“ Василево.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





