На 31.07.2020 година (петок) Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 34-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-одлука за пристапување кон изготвување на пречистен текст на Статутот на општина Василево
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2020 година за периодот од 01.01.2020 до 31.03.2020 (К-1)
- Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2020 до 31.03.2020 (К-2)
- Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2020 до 31.03.2020 (К-3)
- Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2019 година
- Предлог-одлука за прифаќање на иницијатива за воспоставување меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни
- Предлог- одлука за лица за именување на двајца членови во заедничка комисија
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2020 година за периодот од 01.01.2020 до 31.06.2020 (К-1)
- Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2020 до 31.06.2020 (К-2)
- Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2020 до 31.06.2020 (К-3)
- Годишен план за вработување на општина Василево за 2021 година
- Годишен план за вработување на ЈПКД „Турија“, Василево за 2021 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2021 година
- Завршна сметка за 2019 година на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала
- Давање согласност на Извештајот за работата и годишната сметка на ЈПКД „Турија“, Василево за 2019 година
- Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево за распоредување на добвивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2019 година
- Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од Хуманитарното здружение за деца без родители „Хуманост“ од Струмица
- Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од Јашар Демов од с. Градашорци
- Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од Костаќе Малинов од с. Нивичино
- Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од Регионалната телевизија ВИС од Струмица
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект – индивидуална станбена зграда на к.п бр. 555 во КО Нова Маала
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект – индивидуална станбена зграда на к.п бр. 555 во КО Нова Маала
- Предлог-одлука за давање во сопственост на возило за собирање на цврст отпад – специјално комунално возило за собирање на смет на ЈПКД „Турија“, Василево.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.