На 05.10.2020 година (понеделник), со почеток во 12,30 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната триесет и шеста седница.
За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Измени и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2020 година;
- Статут на општина Василево- Пречистен текст;
- Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитна 2019/2020 година;
- Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитна 2020/2021 година;
- Одлука за утврдување на Комисијата за прием на деца во ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и утврдување на поблиските критериуми за прием на деца;
- Предлог-програма за измена на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2020 година
- Предлог-одлука за утврдување на надомест на надворешните членови на Комисијата за извршување на стручни и административно-технички работи.
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Митко Крстов од с. Добрашинци
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од МПЦ-ОА- Струмичка епархија, храм Успение на Пресвета Богородица, с. Василево
- Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Џамискиот одбор од с. Нова Маала
- Предлог-Одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





