На 16.04.2024 година (вторник), со почеток во 14,00 часот, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 37-ма седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-одлука за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати за Претседателски и Парламентарни избори 2024 година со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања во општина Василево;
- Годишен извештај за работа на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2023 година;
- Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2024 година;
- Завршна сметка на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2023 година;
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2024 година;
- Предлог-одлука за ажурирање на составот на Универзалните сили на општина Василево.





