На 19.05.2016 година (четврток), со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 40-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Василево.
- Предлог-стратегија за развој на културата и уметноста во општина Василево за периодот 2016 – 2020 год.
- Донесување на одлука по барањето поднесено од Црковниот одбор во с. Ангелци.
- Предлог-процена на загрозеност од ризици и опасности за настанување на кризна состојба на подрачјето на општина Василево.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





