Дневен ред за 45-та седница на Советот на општина Василево

На 29.12.2024 година, недела, со почеток во 18,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 45-та седница, последна за оваа година.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред.

  1. Буџет на општина Василево за 2025 година;
  2. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2025 година;
  3. Буџетски календар за 2025 година;
  4. Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот на платите на административните службеници за 2025 година;
  5. Предлог-одлука за давање на трајно користење на објект „Весели насмевки“ во населено место Ангелци на ЈОУДГ„Прва радост“, Василево;
  6. Предлог-одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста- детска градинка на објектот „Весели насмевки“ во Ангелци кој е во состав на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево;
  7. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Василево;
  8. Предлог-одлука за пренесување на правото на трајно користење на основни средства на ЈПКД „Турија“, Василево;
  9. Предлог-одлука за измена на Одлуката за утврдување на висината на даночните стапки бр. 07-793/1 од 09.11.2005 година и Одлуката за утврдување на висината на даночните стапки бр. 07-2392/1 од 15.12.2007 година;
  10. Предлог-одлука за утврдување критериуми за распределба на блок-дотацијата за основното образование за 2025 година;
  11. Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2025 година;
  12. Предлог-решение за именување на член на Училишниот одбор на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала;
  13. Предлог-финансиски план за 2025 година на ООУ „Атанас Нивичански“, с. Нова Маала;
  14. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Рамадан Салиев од Градашорци;
  15. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Едип Салиев од Василево;
  16. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Стојан Ристов, член на Црковен одбор, Едрениково;
  17. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од проф.м-р Митко Тошев од Струмица;
  18. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Организацискиот одбор на Католичката црква „Успение на пресвета Богородица“ во Нова Маала;
  19. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено одМесна заедница, Пиперево;
  20. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Друштво за производство и дистрибуција на филмови, пропаганда и маркетинг „Премин“, ДОО увоз-извоз Скопје.

 

 

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail