Дневен ред за 46-та седница ан Советот на општина Василево

На 10.02.2025 г. (понеделник) со почеток во 18.30 часот, во просториите на Домот на културата во Василево ќе се одржи редовната четириесет и шеста седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2024 година за период од 01.01.2024 до 31.12.2024 година К1;
  2. Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот 01.01.2024 до 31.12.2024 година К2;
  3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за период од 01.01.2024 до 31.12.2024 година К3;
  4. Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за општина Василево за 2025 година;
  5. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2025 година;
  6. Предлог-одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Василево за 2025 година;
  7. Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за четврто тромесечие за 2024 година;
  8. Предлог-одлука за утврдување на надоместок на надворешен член во Комисијата за урбанизам на општина Василево;
  9. Предлог-одлука за донација на ЈЗУ Општа болница Струмица;
  10. Предлог-одлука за измена на Одлука за утврдување на висината на даночните стапки бр. 07-793/1 од 09.11.2005, Одлуката за утврдување на висината на даночните стапки бр. 07-2392/1 од 15.12.2007 година и Одлуката за утврдување на висината на даночните стапки бр. 08-1670/1 од 31.12.2024 година;
  11. Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести и План за спроведување на дезинсекција и дератизација на територијата на општина Василево за 2025 година;
  12. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Здружение на ловци и риболовци „Гоце Делчев“ -Босилово;
  13. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Васе Петров од Василево;
  14. Донесување на Одлука по барање за финансиски средства поднесено од Бејадин Изиров од Василево.

Четириесет и шеста седница, 10.02.2025

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail