На 21.05.2025 година (среда), Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 50-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води во општина Василево за 2025 година;
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на просторот на градено земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2025 година;
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2025 година;
- Завршна сметка на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за 2024 година;
- Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2025 година
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Светланка Ѓорѓиева од Струмица;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Стојан Ристов од Едрениково;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Шефкат Јакупова од Пиперево;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Неџатин Алиев од Василево;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Игор Ѓоргиев од Пиперево;
- Донесување на Одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Јордан Глигоров од Градашорци.





