Во четврток, 27.04.2017 година,со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 53-та седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2017 година за периодот од 01.01.2017 до 31.03.2017 година (К-1).
- Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 31.03.2017 година (К-2).
- Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 31.03.2017 година (К-3).
- Извештај за самоевалуација 2014-2016 година на ООУ„Гоце Делчев“, Василево.
- Извештај за самоевалуација 2014-2016 година на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала.
- Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2016 год.
- Давање согласност на Одлуката на в.д директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ за усогласување на дејностите на ЈПКД „Турија“, Василево според новиот шифрарник согласно Националната класификација на дејности.
- Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од црковното настојателство при храмот Св. Наум, с. Чанаклија.
- Барање за одобрување на просторија на користење во Задружен дом Илинден, Василево поднесено од ЛД „Фазан“ Василево.
- Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2017 година.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





