Ги известуваме жителите на населените места на општина Василево дека авионското прскање против комрци најавено за в среда, 27.06.2018 година поради дождливото време уште еднаш е одложено. Доколку дозволат временските услови авио-прскањето ќе се спроведе во недела на 01.07.2018 година во раните утрински часови, во периодот од 04,30 до 09,30 часот.
Ги информираме сопствениците на пчелни семејства навреме да преземат соодветни мерки за заштита односно да ги затворат истите во најавениот временски период.





