Дукатино ќе добие повеќенаменско игралиште

Жителите на населеното место Дукатино ќе добијат игралиште. Општина Василево со сопствени средства ќе гради повеќенамнеско спортско игралиште во с. Дукатино за кое тендерот веќе е распишан. Игралиште ќе се гради на  местото на постојното. Според техничката документација, игралиштето е со стандардни димензии и истото ќе биде опремено со стативи и кошеви со што ќе се овозможи спортување на повеќе различни спортови. Осветлувањето со рефлектори ќе овозможи спорување и во ноќните часови. Заради оптимално спортување игралиштето ќе биде и оградено. Според информацијата од градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, ова игралиште ќе биде налик на повеќенаменското игралиште во с. Ангелци.
Огласот за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во с. Дукатино – општина Василево, објавен е на веб страната на Бирото за јавни набавки. Заинтересираните понудувачи објавата можат да ја видат на следниот линк:
https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/7edfc7a0-3352-4932-8c82-5ec2bd8bec7b/RequestForProposal,
а дополнителни информации можат да добијат во просториите на општина Василево секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот.
Крајниот рок на доставување на понудите е 29.02. 2016 година, кога ќе биде и јавното отварање.

DSC_0069

DSC_0071

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail