Општина Василево масовно се вклучи во еко акцијата „Чисти ридови за сите“, која во организација на ВК „Актив“ од Струмица се спроведе четврта година по ред.
Вработените во локалната самоуправа, јавните институции и установи заедно со учениците и овој пат на дело покажаа дека заеднички и со добра организација успешно може да се собере отпадот направен од несовесните сограѓани. Покажаа една поинаква, поубава слика на чиста општина Василево со тревници и јавни површини без отпад и секакво ѓубре.
Годинава акцијата се спроведе во сите населени места, каде волонтерите ги исчистија јавните површини, притоа праќајќи недвосмислена порака за тоа како треба да изгледа нашата околина и грижата за планетата Земја.
Собраниот смет беше наполнет во вреќи и транспортиран до соодветните локации од страна на ЈПКД „Турија“, Василево.





