Во населеното место Сушево со асфалтирање како финална фаза, завршија активностите на изградба на улицата и делот околу фонтаната. Овие две активности беа планирани со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2024 година. Согласно техничката документација, улицата е со должина од 105 метри, ширина од околу 3,2 метри односно вкупно асфалтирана површина од 345 м2 , додека асфалтираната површина околу фонтаната изнесува 180 м2. Буџетот е обезбеден од општинската каса и изнесува 534 308 денари за улицата и 257 111 денари за просторот околу фонтаната, или околу 800 000 денари за двете градежни активности.
Градоначалникот на општина Василево,. Славе Андонов, по увидот направен во текот на асфалтирањето, на својот ФБ проил, https://www.facebook.com/vasilevo24, напиша:
Во Сушево асфалтирана улица и просторот околу фонтаната. Конечно после долги години очекувања на граѓаните се асфалтира оваа улица.Ова е улица во Сушево која за прв пат добива асфалт. Во наредниот период ќе се асфалтираат улици во сите населени места во општина Василево. Граѓаните се оние кои ни ја дадоа довербата која планирам во целост да ја оправдам и да работам во нивен интерес“.





