Заврши Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, што традиционално и оваа година се одржа по повод Новогодишно-Божиќните празници, а под покровителство на општина Василево.
Првото место и наградата од 100 000 денари го освои екипата на „Арена Фитнес“ од Струмица. Тие во финалето го совладаа тимот на „Канал Вис Космополит“ со резултат од 7:5. Третото место го освои екипата на „Агроцвет АГБМ“ од Пиперево кои во дуелот со ФК „Василево“, беа поуспешни и го совладаа со резултат 6:1.
За најдобар играч беше прогласен Јосиф Јованов, за најдобар голман Томе Колев, а најуспешен стрелец беше Миле Костовски.
На турнирот учествуваа дваесетина екипи од Југоистокот.





