Денес, дечињата од големата група од градинката „Прва радост“ во Василево одржаа завршна приредба и на најубав начин, покажувајќи што се научиле во изминатиот период, се збогуваа со градинката, со другарчињата и со нивните „тетки“ и „чичковци“ кои се грижеа за нив додека престојуваа таму. Многу здравје, среќа и успех во училиштето на овие дечиња, идни првачиња им посака директорката на градинката, г-ѓа Даниела Трајковска. „Драги дечиња, идни првачиња! Бидете среќни, здрави и умни како и досега; бидете гордост на мама и тато. Брзо ќе пораснете, но градинката да не ја заборавите“, им порача директорката Трајковска на дечињата од големата група.
За сеќавање на времето поминато во градинката и како сатисфакција за вложениот труд и стекнатите знаења дечињата добија дипломи „Мојата градинка“.
На завршната приредба во градинката присуствуваше и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.





