Конститутивната седница на Советот на општина Василево е закажана за в среда, 01.11.2017 година, со почеток во 16,30 часот.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Формирање на верификациона комисија.
- Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Василево.
- Давање и потпишување на свечена изјава.
- Избор на претседател на Советот на општина Василево.
- Формирање на комисија за мандатни прашања, избори и именувања.
- Одлука за овластување на градоначалникот и членовите на Советот на општина Василево за склучување на бракови.
Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.





