Денес, општина Василево започна со асфалтирање на локалниот пат Добрашинци Нова Маала во должина од 1016 метри и ширина од околу 5 метри.
Ова е последната, завршна фаза, од целосната реконструкција за која средствата во висина од 10 732 328 денари, општината ги обезбеди од Министерството за локална самоуправа на РСМакедонија.
Увид во текот на градежните активности изврши градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој е задоволен од квалитетот и текот на динамиката со која се одвиваат активностите. „Со реализацијата на овој проект, жителите од двете населени места Добрашинци и Нова Маала, како и сите останати кои го користат, на долг временски период добиваат квалитетен пат, кој обезбедува безбедно и сигурно одвивање на сообраќајот, а општина Василево уште еден успешно реализиран проект кој придонесува за подобрување на локалната патна инфраструктура, изјави градоначалникот Андонов “.
Според планот на активности на изведувачот, доколку временските услови се поволни, асфалтирањето треба да заврши во понеделник.
Градежните работи на терен ги изведува компанијата Бони Интерградба.





