„Во прекрасна атмосфера и спортски дух започна традиционалниот турнир во Одбојка во Сушево, по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица.
Во наредните неколку дена Сушево ќе биде место за дружење и спортски натпревари.“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24 градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој присуствуваше на стартот на Меморијалниот турнир во одбојка, чиј главен покровител е општина Василево.
На стартот силите ќе ги одмерат екипите на ОК Сушево – Авелино Бутик, Киваго Банско – Панче Комерц Нова Маала и Авелино Бутик Злеово, а утре (17.09.2022) екипите на: Ветерани Сушево – Киваго Банско и Панче Комерц Нова Маала – Ветерани Сушево
Вкупниот награден фонд изнесува 40 000 денари.
Финалето ќе се одржи на 20.09.2022 година.
Овој Турнир како спортски настан од особено значење за општина Василево, влезен е во Програмата за спорт, рекреација и манифестации на општина Василево.





