Со натпревар меѓу екипите на Градошорци од Градошорци и Концепт од Струмица, синоќа во спортската сала во Василево започна Новогодишно-Божиќниот турнир Василево 2017/2018 година, кој традиционално, години наназад се одржува по повод Новогодишно-Божиќните празници. Главен покровител на турнирот е општина Василево.
Турнирот за отворен официјално го прогласи градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој на учесниците им посака фер и успешно натпреварување.
„Општина Василево ја продолжува повеќегодишната традиција крајот на старата и почетокот на Новата година да ја одбележи со една ваков фудбалски настан притоа овозможувајќи им на спортистите да ги одмерат силите а на љубителиете на спортот особено на љубителите на фудбалот да навиваат, да ги бодрат своите фаворити и да уживаат во нивната игра.
Од мое лично име и од име на општина Василево како главен покровител, на сите екипи им посакувам успешно и фер натпреварување“, рече градоначалникот Јанев на отварањето на годинешниот Новогодишно – Божиќен турнир Василево 2017/2018.
За вкупен награден фонд од 200 000 денари ќе се натпреваруваат 24 екипи од целата држава.
Натпреварите започнуваат во 19,00 часот и се играат во спортската сала во Василево.
Организаторите упатуваат отворена покана до сите љубители на спортот, да повелат во спортската сала во Василево и да поминат неколку часови уживајќи во фудбалските мајстории на натпреварувачите.
Најновите информации поврзани со Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал Василево 2017/2018 заинтересираните можат да ги најдат на ФБ страницата Новогодишно Божикен турнир во мал фудбал О.Василево.





