Започна реконструкцијата на кошаркарското игралиште во Владиевци

Општина Василево започна со реконструкција на кошаркарското игралиште во населеното место Владиевци, единствено од таков вид во општина Василево. Реконструкцијата е целосна и се изведува со средства обезбедени како донација од страна на Државната видеолотарија на Македонија- касинос Аустриа ДОО Скопје. Проектираниот буџет изнесува околу 1 000 000 денари.
„Уште едно ветување за Владиевци станува реалност. Владевци добива реконструирано кошаркарско игралиште.Во наредниот период ќе биде поставена модерна тартан подлога и со тоа оваа игралиште ќе биде прво од ваков тип во нашата општина. Многу генерации деца, спортисти и натпреварувачи од Владиевци ќе имаат спомени од детството на оваа игралиште. Владиевци ќе добие ново квалитетно место за рекреирање. Го менуваме ликот на Општина Василево“, стои во ФБ објавата, https://www.facebook.com/vasilevo2, на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
Реконструкцијата на игралиштето опфаќа поставување на гумена подлога -тартан, метална ограда и кошеви.
Секоја година под покровителство на општина Василево, во месец август,  по повод празникот на ова населено место Успение на Пресвета Бопгородица, се одржува традиционалниот Street basket турнир. Годинава натпреварите ќе се одиграат на реконструиран, современ и модерно опремен терен.

Facebooktwitterredditpinterestlinkedinmail