Ги известуваме граѓаните на населените места на општина Василево дека второто авионско прскање против комарци планирано е да се изврши во недела на 29.07. 2018 година во раните утрински часови, во периодот од 04,30 до 09,30 часот.
Доколку временските услови се неповолни, прскањето ќе се изврши наредниот ден, односно во понеделникот на 30.07.2018 година во истиот временски период.
Ги известуваме сопствениците на пчелни семејства навреме да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат пчелите во најавениот временски период.